Знамињата со грчката верзија на сонцето од Кутлеш и скандирањата против Македонија ѝ пресудија на група од дваесетина Грци што на Австралија опен навиваа за грчката тенисерка Марија Сакари.

„Тоа е во поддршка на Грција во спорот со Северна Македонија“, објасни Алекс Анифантис, спортски новинар на весникот „Неос космос“ на грчката дијаспора во Австралија.

Редарите во Мелбурн Парк ги исфрлија од трибината Грците, кои постојано го прекинуваа мечот со Јапонката Нао Хибино со бучно навивање во фудбалски стил и се оглушија на неколкуте предупредувања да не извикуваат националистички слогани.

Тие, пак, по исфрлувањето го обвинија организаторот на првиот сезонски грендслем за расизам.

Слично однесување на грчките фанови е регистрирано и на настапите на ланскиот полуфиналист Стефанос Циципас.

SHARE