Македонија „извезува“ морбили во Бугарија

Директорот на бугарскиот Национален центар за заразни и паразитски болести, Тодор Кантарџиев, вели дека морбили во земјата се внесуваат од Македонија, Украина и Молдавија.

„Станува збор главно за млади луѓе што доаѓаат кај нас за да работат. Сопствениците на хотели што најмуваат работници од овие земји треба да се интересираат и за нивниот имунизациски статус. Тоа е многу важно“, нагласи професорот за бугарската Нова ТВ.

Кантарџиев додаде дека минатата година имало само 13 заболени од морбили кај источниот сосед на Македонија, во која од почетокот на годинава се пријавени 961 случај, поради што е прогласена епидемија.

Состојбата со оваа болест е алармантна на светско ниво во првото тримесечие од годинава, кога Светска здравствена организација регистрира четири пати повеќе заболени од мали сипаници отколку во истиот период лани. Во 170 земји се регистрирани 112,163 случаи, а од јануари до март 2018 година во 163 држави имало 28.124.

SHARE