Македонија ја поврзаа со ликот сер Давос Сиворт од „Игра на тронови“

Сајтот winteriscoming.net, кој ја промовира една од најпопуларните серии на сите времиња „Игра на тронови“, направи избор на ликови и европски земји според сличноста на „карактерот“ и на особеностите, при што Македонија ја поврза со ликот сер Давос Сиворт.

„Давос Сиворт, советник прво на Станис Баратеон, а подоцна и на Џон Сноу, можеби е еден од последните навистина пристојни луѓе што останаа во Вестерос. Со презиме како ‘Seaworth’ и со репутација за криумчарење кромид низ тела на вода, која земја и да ја поврземе со него таа мора да има некои сериозни водни врски, а Македонија има!

За почеток, оваа земја е дом на најдлабоката подводна пештера во светот. Пештерата Врело има длабочина од 77 метри и постојано е наведувана како место што мора да се види ако ја посетувате земјата. Македонија е исто така дом на едно од најстарите езера во светот: Охридско Езеро нè враќа назад 4 милиони години.

Во прилог на целата вода, Давос веројатно би бил заинтересиран за Македонија, бидејќи таму е измислена кирилицата. Една од моите омилени сцени во ‘Игра на трновои’ (и, во крајна линија, една од најсрцепарателните) е таа во која младата Шајрин Баратеон го учи Давос да чита. Тој се мачи со прозвучувањето на некоја од буквите, но со нејзината помош тој наскоро ќе чита приказни за Аегон Освојувачот.

Иако часовите по читање на Давос можеби завршија со Шајрин (РИП), тој сè уште е вреден, од срце сака да биде научник. Тој, едноставно, не секогаш ја има можноста да се опушти и да учи. Заслужи одмор во Македонија“, стои во образложението за сличностите меѓу Давос Сиворт и Македонија.

Од околните земји, Србија ја поврзаа со Арја Старк, Босна и Херцеговина со Тион Грејџој, Црна Гора со Брон, Хрватска со Еларија Санд, Словенија со Џора Мормонт, Бугарија со Лорас Тајрел, Грција со Нед Старк, а Албанија со Баристан Селми (некогашниот командант на Златните штитови на Ланистер).