Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 68. место на листата на ФИФА, од кое ќе ја почне и новата 2019 година врз основа на последното рангирање за годинава објавено денеска.

Од противниците во квалификациите за Европското првенство во 2020 година носителот на групата Полска е 20., Австрија 22., Словенија 62., а зад „црвено-жолтите“ се Израел на 90. позиција и Летонија на 132.

Ривалот во разигрувањето во Лига на нации, Косово, ја завршува годината на 131. место.

Од земјите во регионот највисоко котира светскиот вицешампион Хрватска, која е четврта, Србија е 29., Босна и Херцеговина 34., Грција 43., Црна Гора го дели 44. место, Бугарија е 46., а Албанија 60.

Во „топ 10“ нема промени: прва е Белгија, пред Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.

SHARE