Македонија ќе добие награда од 50 милиони евра

„Побарав од Европскиот парламент да објави награда од 50 милиони евра за постигнувањата и резултатите на земјата во искористувањето на европските фондови. Се надевам дека ќе добијам зелено светло и ќе се одобри исплатата, па ќе можете да ги искористите парите и да ги инвестирате во државата“, изјави денеска на првата посета во Скопје, комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.

На заедничката конференција од домаќинот, техничкиот поремиер Оливер Спасовски, еврокомесарот истакна дека е потребно Владата и сите други институции да ги имплементираат реформите и да продолжат со досегашната работа, а приоритет треба да се даде на новиот закон за јавно обвинителство.

Изрази надеж дека тоа ќе биде направено од страна на сегашниот парламент и тоа, како што рече, ќе биде добар знак упатен до земјите-членки.

Тој рече дека има добра вест за Македонија а тоа е дека „евроинтеграцијата ќе продолжи и ќе работиме уште посилно и напорно да го оствариме тоа“.

SHARE