Македонија, која го смени името, сега е пак уценета (ВИДЕО)

Познатиот српско-канадски филмски режисер, продуцент, писател, политички коментатор, телевизиски водител и активист Борис Малагурски во емисија на RT посветена на Македонија, прашува дали е вредна Европската Унија за толку понижувања.

„Македонија, која го смени името, го реши спорот со Грција, сега е уценета со вето од Бугарија, која е земја членка на ЕУ, и бара Македонија да се откаже од јазикот, историјата, но и од славење на Тито.

„Ова не е прв пат ЕУ да има понижувачки барања, за добивање ветување кои на крајот не се исполнува“, вели Малагурски.

SHARE