Македонија купува 33 оклопни возила од САД за 11 милиони долари

Македонското Министерство за одбрана подготви договор со Пентагон за првата транша од 33 американски лесни оклопни возила ЏЛТВ за 11 милиони долари и подготвува набавка на поголеми возила „страјкер“, објави Балканска безбедносна мрежа (balkansec.net).

До 2028 година се планира купување на 249 такви возила на тркала.

ЏЛТВ на компанијата „Ошкош“ има капацитет од четири војници плус возач, а „страјкер“ на „Џенерал дајнамикс“ е во конфигурација со два члена на екипажот и одделение од девет војници, а класификуван е и како носач за тешко вооружување.

Рокот за примопредавање на ЏЛТВ е вториот квартал од 2021 година.

Дел од трошоците за набавка, обука и одржување ќе биде финансиран преку американска донација од 37 милиони долари преку програмата ЕРИП за замена на воената техника од времето на Студената војна.