На годинешниов список на магазинот „Форбс“ за држави каде што има најдобри услови за бизнис, Македонија се најде на 68 место.

Од земјите во регионот, од Македонија подобри се Србија која е на 56 место, Хрватска (52), Бугарија (46) и Словенија (31), а полоши се Црна Гора (72), Албанија (74) и Босна и Херцеговина (98). 

Првото место на листата по вторпат ѝ припадна на Велика Британијa, на 2 место е Шведска , трет е Хонг Конг. ..

Рангирањето се прави врз основа на 15 фактори – имотни права, даноци, технологија, нивото на корупција, слободата, бирократијата, големината на пазарот, квалитетот на живот и работната сила.