Македонија на дното по квалитет на живот во регионот


Мaкедонија е далеку полоша до своите соседи, покажува Индексот за развој за земјите од  Балканот за 2018 година.

Според Индексот според кој се оценува квалитетот на живот во земјите – степенот на cиромаштија, нивото на писменост, животниот век кај населението и други фактори најдобри резултати кај земјите од Балканот имаше Хрватска, која се најде на 46тото место од вкупно 189 земји кои беа рангирани.

Веднаш по неа, на 52-ро место се најде Црна Гора.

Србија е на 63-то место, а Албанија на 69-то. Нешто подолу на листата е и Босна и Херцеговина, која се најде на 75-то место.

Квалитетот на живот во Македонија е далеку понизик од остататите земји, и е на дури 82-ро место.

Најголема причина за лошиот квалитет на живот е лошата распределба на образовниот, здравствениот, како и општествениот стандард. Луѓето немаат еднаков пристат до општествените добра, што директно влијае на нивниот развој во сите сфери во животот.