Македонија на дното во регионот според квалитетот на работната сила

Според квалитетот на работната сила, сегашна и идна, Македонија се наоѓа на 77. место меѓу 135 земји опфатени со Извештај за глобална компетитивност за 2016-2017 година на Светски економски форум.

Врз основа на овој параметар, како и со 80. место во категоријата „образование и вештини“, Македонија е на дното меѓу некогашните југословенски републики.

Прва е Словенија (19. во светот според образование и вештини, 20. според квалитетот на сегашната работна сила, 17. според квалитетот на идната работна сила), втора Црна Гора (48., 45., 51.), трета Хрватска (53., 48., 55.), четврта Србија (58., 53., 70.) и петта Босна и Херцеговина (75., 80., 66.).

Во светски рамки според образованието и вештините најдобра е Данска, пред Швајцарија и Норвешка. Според квалитетот на сегашната работна сила прва е Швајцарија, втора Германија, а трета Данска. Врз основа на квалитетот на идната работна сила, пак, глобален лидер е Финска, а втора Холандија.

SHARE

3 Коментари

Оставете Коментар