Македонија на Хармони куп во рагби в година во Мелбурн

Македонија ќе учествува на следното издание на Хармони купот во рагби што ќе се одржи во март 2020 година во Мелбурн.

Станува збор за турнир со осум екипи составени од австралиски државјани родени во земјата што ја претставуваат или имаат родители или дедовци и баби родени во неа, а секој тим игра во националните бои на таа држава.

Турнирот се игра во еден ден, мечевите траат 2х15 минути, а двете најдобри екипи по прелиминарната фаза одат во финале.

Покрај Македонија, на Хармони куп 2020 ќе настапат и Италија, Ирска, Малта, Бангладеш, Швајцарија, Нов Зеланд и тимот Хармони.