Македонија не беше меѓу 129 земји што гласаа во прилог на предлог-резолуцијата за борба против величањето на нацизмот, усвоена вчера на пленарна седница на 73. заседание на Генерално собрание на Обединети нации.

Документот предложен од Русија и коспонзориран од 54 држави, против кој гласаа САД и Украина, а 54 земји беа воздржани, главно од Европска унија, изразува „длабока загриженост поради глорификацијата на нацистичкото движење во каква и да е форма, вклучувајќи го подигнувањето споменици и одржувањето јавни демонстрации“.

Генералното собрание на ОН во усвоената резолуција „повикува за универзална ратификација и ефикасно спроведување на Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација“ и ги охрабрува државите да ги елиминираат сите форми на расна дискриминација со сите соодветни средства, вклучувајќи ги и законските“.

„За голема жал, #Македонија не беше меѓу 129-те земји кои вчера го дадоа својот глас за борба против нацизмот, неонацизмот и расната дискриминација“, констатира Амбасада на Русија во Скопје на својот профил на Твитер.

SHARE

1 Коментар

  1. Н. Димитров е шпион и лудак, без капацитет да потпише било што, како непресметлив и од фактот дека сам признава шпионско делување дури од 2010. Оној момент кога кажа дека народот е искомплексиран и дека се срами од сопствениот народ и се ова го кажа во Собранието на РМ обраќајќи се како Министер за надворешни работи на РМ, тој момент докажа ДЕКА Е ЛУД и НЕПРЕСМЕТЛИВ, и дека не е во психичка состојба да потпише ништо што е правно обврзувачки! ПОНИШТУВАЊЕ ПРЕСПАНСКИОТ, а Димитров и Заев во лудница !
    Болест на Никола Димитров потекнува од татко му Димитар Димитров кој исто така беше тежок психијатријски болесник. Мајка на Димитров иста така беше на психијатријски пацијент. Но, најтежок психијатриски случај е секако Никола Димитров, кој болест ја добил наследно!!!

Comments are closed.