Македонија осми пат 12. на детски „Евросонг“ (ВИДЕО)

Марија Спасовска со песната „Дома“ го освои 12. место меѓу 20 земји на детскиот „Евросонг“ во Минск, Белорусија, што е седми таков пласман на Македонија во последните осум настапи, вкупно осми во досегашните 14 учества!

За песната испеана на македонски јазик Спасовска освои 99 бода, 116 помалку од победничката Роксана Вегиел од Полска. Втора заврши Франција со 203 бода, а трета Австралија со 201.