Од високото трето во 2016, оваа година Македонија се најде на 18 место на ранг листата на Фајненшл тамјс според атрактивноста за  странски гринфилд инвестиции.

Фајненшл тајмс“ го објави индексот за успешност на Гринфилд  инвестициите за 2019 според кој лидери на листата за оваа година се Србија и Црна гора. 

Невладеењето на правото, поларизацијата на општеството и лошата политичка клима влијае се помалку странски компании да се одлучат да инвестираат во Македонија.

 Од Сојузот на стопански комори велат дека лошата политичка состојба во земјава негативно влијае и на секојдневното работење на компаниите, но и на нивните идни инвестиции.

-Кога гледаме дека секојдневно сите политички чинители во општеството се препукуваат во општеството на дневна основа. Тоа влијае навистина лошо, не само на македонските компании, туку и на оние од надвор кои што ја гледале или ја гледаат Македонија како дестинација,, вели претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска.

Од Владата, пак, велат дека падот на Македонија се должи на поголемата конкуренција, бидејќи во 2016. во ранг листата влегле 94, а оваа година 105 држави.

SHARE