Македонија се надигрува со европскиот ракометен првак!

Македонските ракометари можат деа жалат што наместо водство, па дури и од неколку гола разлика, со минимална негатива од 13:12 го завршија првото полувреме против европскиот првак Шпанија на 26. Светско првенство во Германија и во Данска.

Македонија имаше фантастично отворање на натпреваропт од претпоследното коло во групата Б, водеше со 6:3 и го имаше феноменалниот Никола Митревски на голот. Вториот голман на македонскиот тим од самиот почеток на средбата ги разоружа Шпанците, имаше ефект 7/9 по 20 минути игра, а на одморот замина со 11 одбранети удари.

Капитенот Кирил Лазаров го предводеше македонскиот напад со пет гола.

И наместо предност на полувреме за избраниците на селекторот Раул Гонзалес, „фуријата“ во последните секунди го свртеа резултатот во своја полза.