Македонија се пласира во квалификациите за ЕП 2021 во кошарка

Кошаркарската репрезентација на Македонија загуби од Романија во Плоешти со 65:53 (по четвртини 15:16, 19:13, 12:10 и 19:14), но остана прва во групата Б и се избори за квалификациите за Европско првенство 2021.

Тоа не може да го смени преостанатиот натпревар Косово – Романија поради подобриот меѓусебен скор на избраниците на селекторот Јорданчо Давитков против Романците, кои во Скопје ги совладаа со 90:76.

Квалификациите за ЕП ќе почнат во ноември годинава.

SHARE