Македонија шеста во Европа по процентот на жени во Парламентот

Со 38,3 проценти жени меѓу пратениците, Македонија се наоѓа на шестото место во Европа и подобра од Европски парламент, каде што понежниот пол учествува со 36,1 отсто

Европски лидер во овој поглед е Шведска со 46,1 проценти жени меѓу народните избраници, втора е Финска со 42 отсто, трета Норвешка со 41,1 отсто.

Пред Македонија се уште Франција со 39,6 проценти и Шпанија со 39,1 отсто, а веднаш зад земјава се Исланд со 38,1 отсто, Белгија со 38 отсто и Данска со 37,4 отсто.

Светски шампион во овој поглед е африканската држава Руанда со 61,3 проценти жени во националниот парламент, пред Куба со 53,2 отсто и Боливија со 53,1 отсто.

SHARE