Македонија со најголем пад на глобалниот индекс на здравје меѓу 169 земји

Македонија забележа најголем пад на глобалниот индекс на здравје меѓу 169 земји во светот опфатени со истражувањето на „Блумберг“.

Во однос на претходната листа од пред две години, Македонија назадуваше 12 места, паѓајќи на 56. позиција.

Пред неа од земјите од опкружувањето се Словенија (24.), Грција (26.), Хрватска (31.), Црна Гора (41.), Босна и Херцеговина (42.), Албанија (43.), Турција (51.), Србија (55.) итн.

Шпанија скокна од шестото место и сега е најздрава земја во светот, пред Италија, која падна на второто, а трет е Исланд, кој беше втор. Во топ 10 се и Јапонија (+3 позиции), Швајцарија (-2), Шведска (+2), Австралија (-2), Сингапур (-4), Норвешка (+2) и Израел (-1) по тој редослед.

Глобалниот индекс на здравје ги рангира земјите според очекуваниот животен век, навиките при исхраната, мерките за ризиците за здравјето, како што се тутунот и дебелината, но и природни фактори од типот пристап до чиста вода и санитарни јазли.

SHARE

3 Коментари

Comments are closed.