Со стапка на невработеност од 2,6 отсто, Словенија е најдобра во регионот кога станува збор за пазарот на трудот.

Наспроти ова, Македонија е најлоша во регионот со 20,8 отсто од невработените и покрај намалувањето од 2,8 на бројот на лица кои бараат работа.

Следуваат Босна и Херцеговина каде според најновите податоци за 2018 невработеноста е 18,4 проценти.

Црна Гора ја заврши минатата година со стапка на невработеност од 14,1 отсто.

Во Србија невработеноста лани беше 11,3 отсто.

Хрватска ја заврши 2018 со зголемена стапка на невработеност од 9,4 отсто, што е малку повисока отколку на почетокот на годината.

Намалувањето на стапката на невработеност во Босна и Херцеговина, Македонија и Црна Гора не е предизвикано од отворањето исклучиво нови работни места во реалниот сектор, туку како резултат на заминувањето на населението од овие земји во земјите на ЕУ, првенствено во Германија, пренесува Ал џезира.