Македонија во грч поради коронавирусот, градоначалник се фали со проекти

Само неколку часа откако лидерите на партиите се договориле да ги запрат сите активности за изборите градоначалникот на општина Карпош Стефан Богоев се пофали со нов проект.

За да се пофали со проектот Богоев најмил и дрон кој ги снимал градежните работи на новиот парк.

Својата промоција Богоев ја направи на денот и речиси во истиот час кога министерот Филипче објави дека Македонија доби нови 6 случаи на заразени од корона вирусот.

Во својот твит Богоев го споменува и вирусот но само како препорака за тие што се движат покрај новиот парк.

SHARE