Македонските одбојкари стартуваа со пораз против Финска од 3:1 (25:23, 25:22, 23:25, 25:21) на 31. Европско првенство, но во дебито на големите натпреварувања не беа надиграни.

Шансата за поинаков епилог во Љубљана беше пропуштена во првиот сет, кога избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ не искористија водство од 20:16.

Капитенот Никола Ѓорѓиев и Ристо Николов со по 14 поени беа најдобри поентери во македонскиот тим, кој не усопеа да го скроти Урпо Сивула со 17.

Во второто коло утре од 17:30 часот противник на Македонија во групата Ц ќе ѝ биде Турција, која му зеде сет на бранителот на титулата Русија.

SHARE