Македонија

Лекари земале по 4 илјади евра плата на Клиниката за Кардиохирургија

Дали некои вработени земале огромни плати и награди без основа?

Минатата недела и вчера агенти на Управата за финансиска полиција влегле на Клиниката за кардиохирургија поради тоа што примиле анонимна пријава која што содржи наводи за сериозни злоупотреби кои што допрва органите ќе треба да ги испитаат.

 

Според „Слободен печат“ од каде имале увид во пријавата која до Управата за финансиска полиција стигнала во август годинава а ја добиле од свиркач во клиниката за Кардиохирургија се случувале аномалии кои се мерат во милиони.

 

Според пријавата на клиниката која во споредба со приватните клиники каде се прават многу повеќе кардиохируршки интервенции имало екстремно високи плати на одредени доктори и континуирани награди само на некои медицински сестри.

 

Распоредите на докторите кои што се истакнати не кореспондираат со електронската евиденција и исплатите на личниот доход, наведува пријавителот.

Во наводите на пријавата стои и дека имало лекари чија плата со сите додатоци достигнувала и над 250 илјади денари односно над 4 илјади евра, а дали нивното присуство на Клиниката може да се потврди со системот за „отчукување со картичка“ ќе утврдат органите, пишува СП.

Друг навод во пријавата е дека кога бил склучен тендер за јавна набавка на одредено медицинско средство, непосредно по потпишувањето била повлечена целата количина и цел материјал од тендерот бил донесен во просториите на клиниката што никогаш не се случило порано, а со тоа било доведено во прашање чувањето на материјалот во соодветни услови.

Повеќе детали на Слободен Печат

 

 

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top