Македонија

35 години „Матица Македонска“

Поетот, книжевен критичар и антологичар Раде Силјан ја основа „Матица македонска“ во време на голем национален и општествен пресврт, со јасна определба книгата на македонски јазик да стигне до македонскиот читател и до секој македонски дом

 

Издавачката куќа чиј почеток е неразделно поврзан со еден од најзначајните мигови во современата македонска историја, денеска одбележува јубелјни  35 години од основањет.о

„Матица македонска“ е основана на 24 август 1991 година. Само петнаесет дена подоцна, на 8 септември, граѓаните на Македонија на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава. Издавачката куќа создадена во предвечерјето на независноста, така стана првата издавачка куќа на самостојна Македонија.

„Матица македонска“ и самостојна Македонија растат низ исти три и пол децении. Додека државата ја градеше својата современа институционална биографија, „Матица“ преку книгата го градеше и зацврстуваше просторот на македонскиот јазик, книжевност, култура, историја и паметење.

Поетот, книжевен критичар и антологичар Раде Силјан ја основа „Матица македонска“ во време на голем национален и општествен пресврт, со јасна определба книгата на македонски јазик да стигне до македонскиот читател и до секој македонски дом. Од неколкуте први изданија од областа на македонското културно наследство и етнологијата се разви издавачка програма што во следните 35 години ќе опфати речиси цела една културна карта на Македонија.

Денес, зад „Матица македонска“ стојат над 3.000 наслови, објавени во повеќе од шест милиони примероци. Во таа продукција се вградени македонската книжевност, книжевната критика и наука, историјата, филологијата, етнологијата, фолклористиката, археологијата, историјата на уметноста, публицистиката и капиталните монографии. Особено место имаат изданијата посветени на македонското културно наследство и на неговите најзначајни духовни, историски и уметнички средишта.

Повеќе на ЛИНКОТ

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин. На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, кои во 2025 година беа издигнати на ниво на стратешка […]

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top