Македонија

43 годишен велешанец фатен како сака да краде во црква

Полицијата го уловила во „пљачката“

На 10.06.2026 во 02:30 часот на наплатна станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Д.М.(43) од село Бузалково, велешко, со живеалиште во Скопје.

„На место викано „Ветерско“, тој бил затекнат како излегува од патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки и со метален предмет се обидува насилно да влезе во црква, но откако ги забележал полициските службеници се оддалечил од местото. Набргу, по преземени мерки, возилото било сопрено, а лицето приведено во полициска станица..“ стои во соопштението од МВР.

Со Д.М. бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Додека, при преглед кај него биле пронајдени пари и предмети за кои постои сомневање дека ги користел за вршење на делото. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија

„Македонскиот народ покажа дека има храброст да чекори по својот пат, со крената глава и со вера во сопствената иднина. Нека и денес нè обединува љубовта кон Македонија“, порача ВМРО-ДПМНЕ во честитката

Денот кога народот кажа „Гласам за Македонија“ (ВИДЕО)

8 Септември 1991, е еден од најзначајните датуми во современата македонска историја – ден кога граѓаните, во услови на распаѓање на поранешната југословенска федерација, демократски ја избраа самостојноста како пат за иднината на државата

To top