Македонија

50 години од постоењето на Kинотека на Mакедонија

Формирана со цел да прибира, обработува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од особено уметничко, културно, научно и историско значење

Вчера се обележаа 50 години од постоење на Кинотеката на Македонија која како институција, пред половина век, е формирана со цел да прибира, обработува, заштитува и презентира филмови и филмски материјали од особено уметничко, културно, научно и историско значење. По тој повод, раководството на Кинотеката, на градоначалникот Сотир Лукровски, му врачи Благодарница за долгогодишната соработка и поддршка која Општина Карпош и Кинотеката ја негуваат и постојано ја унапредуваат.

Градоначалникот Лукровски, во своето кратко обраќање за благодарност истакна дека соработката помеѓу овие две институции е од големо значење бидејќи станува збор за институции кои меѓусебно соработуваат на поле на културата како значаен сегмент од животот во локалната самоуправа. Соработката ќе продолжи и ќе се интензивира, особено оваа година која е јубилејна и за општината која исто така ќе обележи 50 години од своето постоење.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top