Македонија

Спасен за предавствата: Најголемата заблуда на Македонецот отсекогаш била дека Македонија губи однадвор

Нека запомнат сите тројански коњи, сите домашни слуги и сите што мислат дека народот спие, пишува музичарот

Музичарот Спасен Сиљановски со своја анализа зошто и како губи Македонија.

Според него додека постои барем еден Македонец што не може да се купи, Македонија нема да биде поразена но истовремено државара (про)паѓа кога предавникот ќе седне на масата.

,,Кога тројанскиот коњ носи македонско име‼️Најголемата заблуда на Македонецот отсекогаш била дека Македонија губи однадвор.Не.

Ниту една империја, ниту една туѓа војска, ниту еден договор немале сила да ѝ нанесат толку штета на Македонија, колку што ѝ нанеле нејзините внатрешни тројански коњи.
Предавството никогаш не доаѓа со туѓо знаме.
Тоа доаѓа со насмевка. Со македонско име и презиме. Со рака на срце и лажни патриотски зборови. Со луѓе кои се колнат во Македонија додека ја распродаваат парче по парче”, смета Сиљановски.

Спасен вели дека низ вековите, непријателите се менувале, но нивните слуги останувале исти.

,,Секогаш имало такви што за функција, за пари, за лична корист или за трошка власт биле подготвени да го продадат и она што не го создале, и она за кое не пролеале ниту капка пот, а камоли крв.
Токму затоа, најголемата трагедија на македонскиот отпор не била недостатокот на херои.
Херои сме имале.
Од Крушево до Солун, од Мечкин Камен до денес, Македонија раѓала синови подготвени да умрат за неа.
Но, премалку сме имале храброст да се соочиме со оние што ја уништуваат однатре.
Бидејќи држава не паѓа кога непријателот ќе тропне на портата.
Држава паѓа кога предавникот ќе седне на масата.
Кога платеникот ќе стане авторитет.
Кога народот ќе почне да им аплаудира на сопствените гробари.
И затоа, времето бара нешто повеќе од празни зборови и евтин патриотизам.
Бара будење.
Бара јасна линија помеѓу Македонецот кој греши, но ја сака својата татковина, и човекот кој свесно служи на туѓи интереси.
Зашто Македонија нема да ја спасат оние што најгласно викаат „патриот“.
Ќе ја спасат оние што не се продаваат.
Оние што не клекнуваат.
Оние што знаат дека функциите се минливи, а честа е вечна.
И нека запомнат сите тројански коњи, сите домашни слуги и сите што мислат дека народот спие:
Македонија преживеала империи, војни и поделби. Ќе ве надживее и вас.
Зашто предавниците имаат свое време.
А народите што не се откажуваат од својата душа – имаат вечност.
И додека постои барем еден Македонец што не може да се купи, Македонија нема да биде поразена”, пишува Сиљановски.

Најнови вести од: Македонија

Клучката кај Момин Поток ќе биде завршена до Нова година

Градежните работи на клучката кај Момин Поток се 75 проценти реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сугурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски изврши увид во градежните работи.

Мирка Гинова, симболoт на македонскиот идентитет и непокор во Егејска Македонија – 80 години од смртта

На денешен ден, на 26 јули 1946 година е стрелана Мирка Гинова, национален деец и борец за македонската кауза и слобода во Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција. „Мирка Гинова била многу активна во организирањето на отпорот против особено жестокиот терор врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија, спроведуван од грчката десница и грчките државни органи. Секојдневно го организирала македонскиот народ. Со својата активност станала позната во цела Егејска Македонија, но и за грчката полиција, која поради тоа настојувала да ja убие.“ – пишуваат универзитетските професори-историчари д-р Лилјана Пановска и д-р Тодор Чепреганов во своја научна статија. Гинова е првата жена и Македонка, стрелана во Грција од политички причини. Посмртно е прогласена како народен херој од Македонија.

Мицкоски: Опозицијата шири хистерија, Владата остварува резултати – во рекорден рок решен проблемот во Гостивар

Политиката на опозицијата е да конструира лаги и да шират хистерија, а политика на Владата е да остварува резултати. Ние така и ќе продолжиме, порача премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

ВМРО ДПМНЕ: СДС им излегува пресрет на ДУИ и Таравари и не бара одговорност од Валбон Лимани, кој е таму благодарение на нив

„СДС, како и секогаш, така и сега одлучи кризата во Гостивар да ја претвори во игранка за да си собери некој поен плус. Но, никако од СДС да слушнеме да побараат одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, кој не се чувствувал виновен за тоа што здравјето на граѓаните е загрозено.“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес – трагедија, од која никна „Градот на солидарноста“

Денес се навршуваат 63 години од катастрофалниот скопски земјотрес, трагедија што засекогаш остана запишана во колективното помнење на скопјани и сиот македонски народ. Во 5 часот и 17 минути, додека поголемиот дел од скопјани сè уште спиеле, силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала (9 степени според Меркалиевата скала) го погодил градот. Потресот траел само дваесетина секунди, но тие неколку мигови биле доволни за да однесат илјадници животи, да урнат цели населби и засекогаш да го променат изгледот на Скопје.

Најнови вести

To top