Македонија

Македонка од Бугарија го средила гробот на Крсте Петков Мисирков во Софија

Крсте Петков Мисирков кој е избран за најголемиот МАКЕДОНЕЦ на 20иот век, почива на градските гробишта во Софија.

По повод навршување на 100 години од смртта на Крсте Мисирков (26.07.1926), нашата Нели, Македонка од Бугарија, го посетила неговото вечно почивалиште, и во име на целиот македонски народ кој и благодари, го исчистила гробот и положила цвеќе, оддавајќи му заслужена почит.

,,🇲🇰 По повод 100 години од смртта на Крсте Петков Мисирков го посетив неговото вечно почивалиште, кое го исчистив и положив цвеќе во знак на почит.
🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Така му оддадов заслужена почит на еден од најзначајните дејци во историјата на Македонија – човек кој остави траен белег со своето дело, идеи и стремеж кон просвета и национална самосвест.

Помалку фејсбук-патриотизам, а повеќе дела ни се потребни… 🌹”, објави Темелкова.

,,Шчо требит да праиме за однапред? Да бидеме барем малку како Нели, и без надомест, а од љубов и свест, да покажеме со дела, како се сака своето”, пишуваат македонски активисти за акцијата на Нели Темелкова.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

To top