Македонија

АА: Предвремени избори за спас на Албанците од ВРЕДИ

„Изборите се единствениот спас од немоќните ВРЕДИ, кои сериозно ги изневерија очекувањата на Албанците, велат од АА на Трбен Таравари

 

 

„Алијансата за Албанците го поддржува и охрабрува премиерот на земјата да го повика Собранието што поскоро да распише предвремени парламентарни избори за да се олесни и деблокира процесот на европска интеграција на земјата, кој е заложник од оваа влада.“

„За Албанците, изборите се единствениот спас од немоќните претставници на Албанците ВРЕДИ, кои сериозно ги изневерија очекувањата на Албанците.

ВРЕДИ ја презеде одговорноста за отстранување на балансерот и го замени со скандалозен закон за фер и соодветна застапеност, попречувајќи ги вистинските реформи.“

„Оваа политичка формација наречена ВРЕДИ немаше политичка моќ да овозможи полагање на правен испит на албански јазик за учениците Албанци и не ги поддржа, не го исполни ветувањето за уставни промени иако самите лидери на ВРЕДИ декларативно имаа услов за оваа влада, дури и се заканија дека ако не се спроведат уставните измени, ќе ја напуштиме владата, што не се случи, дозволи деградација на албанскиот јазик во институциите и донесе институционално понижување за Албанците“, велат од крилото на АА на Таравари.

Во соопштението уште се додава дека „Алијанса за Албанците постојано предупредува дека оваа влада со ВРЕДИ на власт нема ниту политички капацитет ниту демократска волја достоинствено да ги претставува граѓаните, особено Албанците, и да ја движи земјата напред, затоа повикуваме на граѓаните да им се дозволи преку нови, слободни, фер и демократски избори да ја земат својата судбина во свои раце, да одлучат кому ќе му веруваат правилно да ги претставува и да ги казнат со глас оние кои ја изневериле нивната доверба со тоа што не ги исполниле своите ветувања, почнувајќи од ВРЕДИ, велат од АА.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски му одговори на Таравари, кој бараше „гаранции за ЕУ“ и за „Бугари во устав“: Гаранција за ЕУ е конечен раскин на договор со „Ѓока констракшн“!

„Нема поголема гаранција за евроинтегративниот пат на државата од конечното раскинување на договорот со фирмата „Ѓока констракшн“, ја коментираше премиерот Христијан Мицкоски синоќешната изјава на челникот на неговото крило во Алијансата за Албанците Арбен Таравари, кој самиот се понуди дека „подготвен да влезе повторно во Владата со задоволување гаранции околу евроинтеграциите“. „Основниот предуслов е гаранција за уставни измени и почеток на преговорите со ЕУ.“ – кажа „јасно и гласно“ Таравари. Инаку „Ѓока Констракшн“, компанија од Албанија, е поврзувана со фирмата на Дрин Ахмети, внук на лидерот тогаш владејачката ДУИ – Али Ахмети, при преземањето на трговскиот центар „Соравија“ а своевремено беше единствениот понудувач на тендерот за јавно-приватно партнерство за паркингот на Клиничкиот центар, кога министер за здравство беше Арбен Таравари.

Клетников: Филипче и неговите следбеници се луѓе без карактер, учествуваа во идентитетскиот геноцид над својот народ! – СДС е фашистичка партија со зомбирано членство!

„Австриецот Роберт Музил има роман „Луѓе без својства“, а луѓе без својства се токму Филипче и СДС, нивните следбеници, меѓу кои има и неколку универзитетски професори. Тие немаат ниту карактер, ниту битие. За нив не треба ниту да се зборува. Повеќе пати сум го повикувал и на пишано и преку телевизиски настапи Филипче, за да се соочиме и да му објаснам зошто неговата партија СДС е фашистичка.“ – нагласи поетот поетот Ефтим Клетников во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Мицкоски: Сигналите од Бугарија не ме прават оптимист! (ВИДЕО)

„Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово. Тоа е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква“, изјави македонскиот премиер

Најнови вести

To top