Македонија

Ахмети во Приштина ги повика Албанија и Македонија „да побараат преиспитување на Резолуцијата на Советот на Европа за УЧК на Косово од 2011“

Дали Али Ахмети на 7.8.2025 во Приштина побара „преиспитување на Резолуцијата на Советот на Европа од 2011 година во врска со косовската УЧК“, но со одредена цел и да превенира можна негова кривична одговорност во Македонија како „врховен командант“ на македонската УЧК во врска со „Хашките случаи“, ако и откако биле реактивирани во македонското правосудство, што го бараат токму Советот на Европа и неговата комесарка за човекови права Дуња Мијатовиќ?

„Бараме претставниците на Република Албанија и Република С.Македонија, кои се во Советот на Европа, да побараат преиспитување на Резолуцијата на Советот на Европа од 2011 година, бидејќи досега од многу аспекти е докажано дека никогаш немало трговија со човечки органи од страна на УЧК на Косово, поради што беше лажно побарано формирање на Специјалниот суд.изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на протестниот митинг во Приштина на 7.8.2025 година на припадниците и поддржувачите на некогашната Ослободителна војска – УЧК на Косово против Специјалниот судски трибунал во Хаг. Се наметнува дилемата: дали Али Ахмети во Приштина побара „преиспитување на Резолуцијата на Советот на Европа од 2011 година во врска со косовската УЧК“, но со одредена цел и да превенира можна негова кривична одговорност во Македонија како „врховен командант“ на македонската УЧК во врска со „Хашките случаи“, ако и откако би биле тие реактивирани во македонското правосудство, што го бара токму Советот на Европа? Комесарката на Советот на Европа за човекови права Дуња Мијатовиќ на 17 јануари 2024 година достави писмо до претседателот на Владата на Република Македонија, во кое укажува дека треба да се поништи автентичното толкување на Законот за амнестијата за хашките случаи“ кое беше направено во 2011 година околу тоа „како да се примени Законот за амнестија донесен 2002 година“. Адвокатот на „воените ветерани на УЧК“ во Хаг Том Гаши изјави во 2020 година дека „и Али Ахмети може да се најде на обвинителната клупа во Хаг“! Ахмети се „буни“ против резолуцијата на Советот на Европа, врз основа и на која им се суди денес на водачите на косовската УЧК, но Советот на Европа бара од македонската држава и нејзиното правосудство да го седнат и Ахмети на обвинителна клупа, поради „воени злосторства на УЧК во Македонија во 2001“.

Специјалниот суд во Хаг им суди на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и на други водачи на поранешната УЧК на Косово, според обвинението, за „воени злосторства извршени во Косово“. Протестот во Приштина го организираше Организацијата на „воените ветерани на косовската УЧК“, чиј претседател Хисни Гуцати на протестот кажа дека „Специјлниот суд скршнал од својата мисија и оти ја искривува историјата“.

Али Ахмети беше „специјално повикан“ како еден од четворицата говорници на овој протестен собир во Приштина, во својство и како еден од основачите на некогашната УЧК на Косово. Неколку пати Али Ахмети заедно со учесниците на протестот извикуваше „УЧК, УЧК, НАТО, НАТО!“ Ахмети извикуваше „УЧК, УЧК!“ и на предизборен митинг во Скопје во април 2024 година во кампањата за кандидатурата на Бујар Османи како тогашен кандидат за претседател на Македонија. „Да нема огорченост, оти извикував  ‘УЧК’. УЧК е гордоста на Албанците, таа ја спаси Македонија!“ – „објаснуваше“ Ахмети на предизборен митинг во Дебар на 29 април 2021 година, кога рече за себе дека „влегол во  политиката како востаник“.

Денес во Приштина Ахмети во сличен тон се огласи со тврдење дека „победата на УЧК на Косово“ во деведесеттите години од минатиот век „повлијаела и врз подобрувањето на позицијата на Албанците во С.Македонија и во регионот.“ „Нашиот албански народ историски секогаш бил обединет како едно тело кога ни биле загрозувани идентитетот и достоинството. Затоа и денес, ние, Албанци од сите албански простори, од Тетово, Кичево, Струга, Скопје, Куманово, Гостивар, дојдовме на овој овој протест за правда, за да побараме слобода за ослободителите, кои се третираат неправедно од Специјалниот суд. Војната и победата на УЧК на Косово, која не беше терористичка, повлијае и врз подобрувањето на позицијата на Албанците во С.Македонија и во регионот.“ – кажа лидерот на ДУИ Ахмети на митингот во Приштина.

Тој наведе во својата реч дека „Специјалниот суд истражувал и неправедно судел само за една страна и систематски го исклучувал насилството на српската држава“, кое е, според него, „извор на геноцидот и воените злосторства што Србија ги извршила на Косово“.

Инаку, треба да се потсети дека на покана на истражителите на Специјалниот суд во Хаг на 23 јули 2020 година Али Ахмети присуствуваше во својство на сведок на судењето на  Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, поради сомничењата дека се одговорни за „стотина воени злосторства, убиства, присилно исчезнување, прогонства и тортура“. Весникот „Слободен печат“ ја пренесе во 2020 година изјавата на адвокатот на „воените ветерани на УЧК“ Том Гаши дека „и Али Ахмети може да се најде на обвинителната клупа во Хаг“! „Секој што е Албанец и кој бил на некој начин вмешан во УЧК може да се најде на списокот со обвинети. Може и Али Ахмети да се најде на обвинителната клупа во Хаг.“ – имаше кажано адвокатот Гаши за „Слободен печат“.

Можен развој на случувањата токму во насока на изјавата на Гаши навестува комесарката на Советот на Европа за човекови права Дуња Мијатовиќ, која на 17 јануари 2024 година достави писмо до претседателот на Владата на Република Македонија, во кое укажува дека треба да се поништи автентичното толкување на Законот за амнестијата за хашките случаи“ од 2011 година околу тоа „како да се примени Законот за амнестија донесен 2002 година“. Значи, Советот на Европа, односно комесарката за човекови права Дуња Мијатовиќ побараа од македонската влада и домашниот правосуден систем да се реактивираат четирите хашки случаи од 2001 година: „Мавровски работници“, „Водство на ОНА“, „Непроштено“ и „Липковска брана“.

„Писмото-препорака на Советот на Европа во врска со овие ‘Хашки предмети’, вратени за процесирање во македонското правосудство од Хашкиот трибунал, укажува дека е неопходно за правдата овие случаи на воени злосторства во Македонија да бидат повторно судски процесирани, откако на легален начин ќе биде укинато автентичното толкување на Законот за амнестија од 2002 година. – објави весникот „Нова Македонија“ во својата статија со наслов „Од каде да се започне со реактивирањето на хашките случаи?“, објавена на 5 март 2024 година.

Останува дилемата: дали Али Ахмети на протестниот митинг во Приштина побара „преиспитување на Резолуцијата на Советот на Европа од 2011 година во врска со косовската УЧК“, но со одредена цел и да превенира можна негова кривична одговорност во Македонија како „врховен командант“ на македонската УЧК во врска со „Хашките случаи“, ако и откако тие би биле реактивирани во македонското правосудство, што го бара токму Советот на Европа? Ахмети се „буни“ против резолуцијата на Советот на Европа, врз основа и на која им се суди на водачите на косовската УЧК, но Советот на Европа бара од македонската држава и нејзиното правосудство да го седнат и Ахмети на обвинителна клупа, поради „воени злосторства на УЧК во Македонија во 2001“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

МВР ги истражува свирежите за македонската химна и националистичките испади на финалето Силекс-Шкендија и веењето странски знамиња на протестот во Скопје!

Исвиркувањето на државната химна на Република Македонија на вчерашното финале од Купот на Македонија помеѓу Силекс и Шкендија, како и националистичките скандирања и транспаренти, сега се цел на проверки на МВР. Од МВР истакнуваат дека се преземаат активности за утврдување на можни прекршувања на јавниот ред и мир.

После неколку банални изговори, СДСМ избега од дебата за буџетот, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, кој претседава со Комисијата за финансирање и буџет, го оцени повлекувањето на СДСМ од Комисијата како немање аргументи. Според Стојановски, СДСМ избегале од дебата, а демаскирани се и информациите што ги пласирале дека ќе дојде до крах на пензискиот систем, дека Буџетот нема да може да ги издржи покачувањата на платите.

Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

На отворената седница на Програмскиот совет на МРТ, на која претставници на медиумската заедница и институциите разговараа за иднината на јавниот сервис, неговите развојни приоритети и потребата од суштински реформи, беше отворено и сериозно прашање поврзано со финансирањето на МРТ, Македонска радиодифузија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од страна на претставник на […]

(Фото): Колку внимаваат граѓаните кога купуваат нов стан?!

Комората на друштва за геодетски работи, во соработка со Стопанската комора на Македонија почна кампања со цел подигнување на јавната свест од важноста и значењето на уредувањето на сопственичките права на сопствениците на недвижен имот. Кампањата, насловена „Провери. Потврди. Поседувај. Твојот имот, твоја сигурност“, ќе биде исклучиво насочена кон постојните и идни сопственици на недвижен имот (граѓани и правни субејкти), со цел да се укаже на потребата од правилно и непречено користење на имотот, како и негово правилно управување, оттуѓување и купување.

Филипче го повика Мицкоски заедно да ги стават Бугарите во Уставот и да ја поделат одговорноста! Сигурен е дека „нема да се случи ништо со нашиот идентитет и јазик“!?

Лидерот на СДС Венко Филипче денеска ги повика премиерот Христијан Мицкоски и власта заедно со него да ги направат уставните измени и при тоа да ја споделат одговорноста за тој чин. –Сакам да знае дека ја споделуваме одговорноста за било што, што понатаму ќе се случува во текот на преговорите. Иако сум прилично сигурен дека нема да се случи нешто што ќе задира во нашиот идентитет, јазик, култура и така натаму, сепак ја споделуваме одговорноста и заеднички учествуваме во целиот процес на водење на преговорите – рече Филипче. Тој не појасни како замислува „заеднички да ја споделувале одговорноста со власта“?

Вреди: Агата Али Ахмети и милионерите од криминалното раководство на ДУИ –Соравија немаат морална доверливост да говорат во името на Албанците!

Партијата ДУИ-„Соравија“ и милионерите создадени преку ноќ е последната што може да зборува за албанскиот интерес. Тоа се луѓето кои 20 години живееја во политички агалак на грбот на Албанците. Јадеа, пиеја, се богатеа, градеа коцкарски и бизнис империи и се однесуваа како државата да е нивна приватна сопственост, додека на Албанците им оставија само измами, пропаганда и лажен патриотизам, нагласува партијата Вреди во своето соопштение.

Мерц бара нова, динамична и иновативна стратегија за забрзување на проширувањето на ЕУ, а Западниот Балкан да добие привилегиран статус и постепена интеграција!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија во кое предлага нова, динамична и иновативна стратегија за забрзување на процесот на проширување. Планот, во кој увид имаа меѓународните медиуми, предвидува постепена интеграција и привилегиран пристап до клучните европски механизми за земјите од Западен Балкан и Молдавија, додека за Украина се предлага специфичен статус на „придружно членство“.

„Курир“: Бандата на Филипче, Заев, Шмрчко, Жерновски, од „државотворна“ станаа патолошка партија! – Врескаат против Савески, кој нема никаква партиска врска како нивните обвинителски ајвани!

„Нов ден, нов пораз и доказ за лажните вести за СДС и Венко Филипче. Се случи нов демант на лажните вести и клевети на подизведувачите на Заев. СДС и Венко пак се изругаа: Јавното обвинителство ја отфрли како неоснована инфантилната кривична пријава против премиерот Мицкоски, во која тие небулозно инсинуираа дека по неговата изјава за неговото ‘чувство’ следува период на кривична одговорност за криминалите и висока корупција на поранешни премиери, министри и функционери (читај Филипче, Заев, Спасовски, Ковачевски, николовски и останата банда).“ – пишува порталот „Курир“ во својот редакциски коментар.

To top