Македонија

„Актуале“: Левица ја спаси ДУИ од поразот во првиот круг во Тетово и му даде надеж од две седмици на Бајрам Реџепи од НАИ

„Левица не се настапи со своја листа за пратеници во шестата, тетовско-гостиварска изборна единица на ланските парламентарни избори, но на годинашниве локалните избори учествуваше со свои кандидати во општините, каде што живеат и Албанци.“ – нагласува информативниот портал на албански јазик „Актуале“.

„Кандидатот за градоначалник на Тетово од коалицијата Вреди Билал Касами оствари убедлива победа над својот противкандидат од Националната алијанса за интеграција (НАИ) Бајрам Реџепи во изборната трка за општина Тетово со разлика од околу 4 илјади гласови. Сепак, трката за Тетово ќе продолжи во вториот круг. Главната причина за ова е учеството на Левица со свој кандидат во Тетово.“ – посочува „Актуале“ во својата информација со наслов „Левица ја спаси ДУИ од поразот уште во првиот круг во Тетово“.

Натаму порталот пишува: Пред изборите се зборуваше дека Левица се натпреварува со кандидат во општините, населени и со Албанци, за да ѝ помогне на ДУИ. Токму тоа се случи во Тетово. Левица на Димитар Апасиев доби околу 3.300 гласови за својот кандидат за градоначалник, што е доволно за да се оди натаму во втор круг од локалните избори. Со ова Левица му даде надеж од две седмици на кандидатот на ДУИ Бајрам Реџепи.


Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top