Македонија

„Алмакос“: Албанците во Македонија се „дават“ во политички партии, а не во базени – иронија и шеги во јавноста по претставувањето на новата албанска партија во Скопје!

Албанците во Македонија имаат повеќе партии отколку базени

Во Скопје е основана нова албанска политичка партија, додавајќи уште едно име на долгата листа на политички субјекти што ги претставуваат Албанците во Македонија. Сепак, наместо ентузијазам, веста е дочекана со бран иронија и шеги на општествените медиуми и меѓу граѓаните.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ во својата информација со наслов „Албанците во Република Македонија се „дават“’ во политички партии, а не во базени – иронија и шеги во јавноста по претставувањето на новата албанска партија во Скопје!“.

Натаму порталот пишува: Едно прашање, кое кружеше низ интернет-анкетите привлече големо влијание: „Дали е подобро да се отворат базени во населените места со Албанци, или политички партии и движења?“ Коментарите се солени: „Ако отворавме базени со иста брзина како што отворавме партии, денес ќе се капевме во свежина, а не во пот!“ – пишува граѓанин на фејсбук.

Според некои аналитичари, големиот број на албански партии не донесе позначително подобрување во секојдневниот живот на граѓаните: основната инфраструктура, како што се јавните базени или младинските центри,  продолжува да недостасува во многу населени места, каде што живеат Албанци. Граѓаните, уморни од политички ветувања и желни за вистинска свежина, на шега (а можеби и сериозно) бараат новите иницијативи да бидат ориентирани кон спорт и рекреација, а не само кон претстојните избори.

Во оваа политичка и климатска жештина едно е сигурно: Албанците во Македонија имаат повеќе партии отколку базени – и тоа сè повеќе се гледа во нивната пот.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

To top