Македонија

Американската амбасадорка уживала на малку позната македонска атракција

Американската амбасадорка Никол Варнс е воодушевена од Дебарско Езеро – природна убавина што вреди да се открие, пишува Патување.мк од каде даваат детали за посетата

Дебарско Езеро и прекрасната природа околу Дебар бил дел од посетата на амбасадорката на САД во Македонија, која имала можност одблиску да ги почувствува убавините на овој дел од земјата.

,,Посебен дел од посетата беше дружењето со Дрилон Леши, сопственик на познатиот ресторан „Дрилон“ на Дебарско Езеро, кој лично ѝ го покажа езерото и неговите најубави природни предели”, стои во објавата.

Со прекрасните планини кои го опкружуваат езерото, мирната вода и уникатниот пејзаж, Дебарско Езеро е едно од оние места во Македонија кои можат да понудат поинакво, автентично туристичко искуство. Дебарското Езеро е вештачка акумулација создадена на Црн Дрим, во непосредна близина на Дебар.

Посетата на американската амбасадорка е уште една можност да се потсетиме дека западна Македонија има природни убавини кои заслужуваат многу поголема туристичка промоција.

📍 Дебарско Езеро – место кое треба да го ставите на вашата листа за посета, пишуваат од патување.мк

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top