Македонија

Ангелов: Најголем предизвик и натаму е пожарот кај Јасен

Во моментов има активни најмалку 10 пожари. Овој број можеби до вечер ќе се зголеми и до 20 бидејќи тоа се повторува како непишано правило секој ден. Апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни. Најголем предивзик и натаму е пожарот кај Јасен. Во текот на ноќта имавме драматична битка но не дозволивме пожарот да премине […]

Во моментов има активни најмалку 10 пожари. Овој број можеби до вечер ќе се зголеми и до 20 бидејќи тоа се повторува како непишано правило секој ден. Апелирам до граѓаните да бидат исклучително внимателни. Најголем предивзик и натаму е пожарот кај Јасен. Во текот на ноќта имавме драматична битка но не дозволивме пожарот да премине преку еден шумски пат со што ќе беше селото Брезница, информираше директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Благодарение на интервенцијата, оваа линија бИла сопрена и надлежните воспоставиле целосна контрола врз еден од трите краци на пожарот.

„На вториот крак се гасне со два ер трактори и таму има делумна контрола и нема закана да се движи кон нова шума. Третиот крат во насока на езерото Козјак е најголем проблем, со помош на специјалците ќе се обидеме да го прекинеме неговото понатамошно ширење“, рече Ангелов.

Пожарот врз кој што екипите имаа воспоставено делумна контрола, кај Јегуновце, во атарот на село Јажинце повторно на еден крак се разбуди и се движи кон селото Долно Орашје и Радуша од скопска страна каде што за брзо ќе полета армиски хеликоптер.

Ангелов информираше и дека има два пожари на територија на О.Липково и еден активен пожар кај О.Лозово.

Најнови вести од: Македонија

МВР со акција за поголема безбедност во сообраќајот

Министерството најавува дека ќе продолжи со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, а до сите учесници упати апел доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

Назначувањето на Санџак Курт е природно продолжување на развојниот пат на Лимак Скопје и ја потврдува определбата на компанијата за континуитет во управувањето, натамошен развој на инвестициите и градење долгорочни партнерства засновани на доверба, професионалност и заеднички успех.

To top