Македонија

Авиогигантот „Рајан ер“ ја уценувал Владата за влез на македонските аеродроми (ВИДЕО)

Одбиени се да го користат македонското небо затоа што уценувале и барале ,,преку леб погача”

Авиогигантот Рајан Ер ја уценувал владата за влез на македонските аеродроми, открива Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Во интервју за Сител Николоски открива дека тој имал неколку разговори со Рајан Ер која што е најголема авио компанија меѓу таканаречените нискобуџетни патнички авио транспортери.

Од Рајан Ер во преговорите барале повеќе од двојно од субвенциите кои сега ги добиваат Виз Ер и другите компании и поставувале други услови поради кои биле одбиени.

 

Овој дел од разговорот на линкот

https://www.facebook.com/share/r/1AsMLVcHiS/

Целото интервју со Николовски

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top