Македонија

Бебе двогрба камила се роди во ЗОО Скопје: Мираи и Карло добија трето дете

Мираи и малото бебе ноќта ја поминаа изолирани од другите членови на семејството со цел да бидат под надзор, а веќе денеска камилчето ужива со својата мајка во убавиот сончев ден

Двогрбите камили во скопската Зоолошка градина по трет пат станаа мама и тато.

-Вчера во ЗОО Скопје се роди ова мало преслатко камилче на мама Мираи и тато Карло и е трето дете во фамилијата после неговите брат и сестра Буби и Ками, велат од ЗОО Скопје.

Мираи и малото бебе ноќта ја поминаа изолирани од другите членови на семејството со цел да бидат под надзор, а веќе денеска камилчето ужива со својата мајка во убавиот сончев ден.

Најнови вести од: Македонија

Во пресрет на CES 2027, најновите производи на „Samsung“ препознаени од Асоцијацијата за потрошувачка технологија

Компанијата освои CES® 2027 награди за иновации за своите мобилни уреди, уреди за домашна забава, апарати за домаќинство и полуспроводници.
Galaxy Z Fold8 Ultra и Z Fold8 прогласени за “Најдобра иновација” во категоријата мобилни уреди на CES наградите за иновации

Почина професор д-р Никола Петров, творецот на „Росица“, „Другарче“ и „Наш свет“

Тој се смета за основоположник на македонската предучилишна педагогија, а генерации ученици во Македонија израснаа со списанијата за деца што ги покрена професорот и поранешен декан на Педагошкиот факултет

To top