Македонија

Битола добива историски инвестиции вредни 11,5 милиони евра

Во фокусот на новите инвестиции се образованието, спортот, патната инфраструктура и урбаниот развој. Ќе се градат три нови типски училишни спортски сали, девет училишни спортски игралишта, ќе се реконструираат постојни терени и ќе се уреди нова атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“.

Битола е на прагот на големи инфраструктурни и урбани промени, откако градоначалникот Тони Коњановски најави капитални инвестиции вредни 707 милиони денари (приближно 11,5 милиони евра), предвидени со ребалансот на буџетот што ќе се најде пред Советот на општината во понеделник.

  • „Битола заслужува иднина во која ќе се гордееме дека сме оставиле белег,“ порача Коњановски, истакнувајќи дека ова не се предизборни ветувања, туку резултат на сериозна и долгогодишна подготовка и посветеност.

Во фокусот на новите инвестиции се образованието, спортот, патната инфраструктура и урбаниот развој. Ќе се градат три нови типски училишни спортски сали, девет училишни спортски игралишта, ќе се реконструираат постојни терени и ќе се уреди нова атлетска патека на стадионот „Петар Милошевски“.

Голем акцент се става и на изградба на нови паркинг-простори. Во шест локации низ градот, меѓу кои Овчи Пазар, Ат Пазар, поранешната касарна и околината на Хеликоптерот, ќе се изградат преку 150 нови паркинг места.

Улиците во градот и во руралните населени места конечно ќе добијат темелна реконструкција. Планирани се инфраструктурни зафати во повеќе населби, меѓу кои Карпош, Баир, Мал Париз, Јени маало, Буковски ливади, како и во селата Карамани, Барешани, Ротино, Раштани, Трн, Братиндол и Горно Ореово.

Посебен проект е и пренамената на објект во Буковски ливади во училиште, инвестиција вредна 30 милиони денари, како и изградба на нови улици и осветлување во областа околу болницата Плодност.

  • „Никогаш Владата на Македонија во овие 30 години не дала толку средства во Битола во една година! Никогаш во историјата на Битола толку не се градело!“ изјави Коњановски, потенцирајќи ја поддршката од Владата на Македонија за овие проекти.

Овој пакет инвестиции се очекува да донесе суштински промени во квалитетот на живот во Битола и околината, отворајќи нова развојна страница за градот под Пелистер.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top