– СДСМ, повеќе се занимава со проблемите во соседството отколку со проблемите на македонските граѓани. Многу повеќе се занимава со политиката која што ја има во соседството, отколку со политиката која носи добробит за македонските граѓани и заштита на македонските национални интереси, вели Бојкоска.
-Во ред е да се бара правда, да се бара одговорност, но јас овде не видов, не мислам само околу заканите за јавниот обвинител, туку и оние закани и навреди особено од политички претставници кои не приличат да ги презентираме пред јавноста и затоа мсиалм дека е неодговорно самото такво однесување и тоа повеќе зборува за самите нив. Но посакувам, еве како што денеска повикуваат од партиската говорница, кога беа на власт тогаш да го повикуваа тогашниот нивни јавен обвинител Коцевски да повикуваат така за правда можеби Македонија денеска ќе беше една поправедна држава, а не да се констатираат и тогаш и го добија најнегативниот Извештај на ЕК, во кој и самото судство ја доби најниската оценка, а јавното обвинителство уживаше многу низок рејтинг. Посакувам тогаш да го повикаа Коцевски, кога секој ден кога ќе се вклучеше телевизорот имавме нов скандал и нова афера во Македонија, но тоа не беше случај, оцени пратеничката.
-Мислам дека се во паника и во страв бидејќи ние во среда имаме надзорна расправа за случајот Алта банка, конкретно во самото Собрание, на која еден од поканетите гости е токму јавниот обвинител Ненад Савески, посочи Бојковска.
Вчера од партиската говорница портпаролката Кузеска директно му се закани на републички јавен обвинител.
„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија. Савески, часовникот отчукува. Постапете веднаш!“ -кажа Богданка Кузеска.