Македонија

Борјан Јовановски: Амбасадор на западна земја наводно тврдел дека Бугарија е невина за блокадата на Македонија

Како Белград ја убедил Софија да ја блокира Македонија новинарот не открива

Новинарот Борјан Јовановски тврди дека добил брифинг од амбасадор на многу важна западна земја за наводна анализа според која Бугарија не била виновна за блокадата во ЕУ туку тоа е Србија.

Јовановски во Подкаст со новинарот Сашо Ордановски објавува наводен брифинг за наводна анализа според која Србија е виновна затоа што ја држи Македонија под блокада се додека не направи и самата исчекор кон членство во ЕУ.

Јовановски не наведува кој е наводниот високиот дипломат и од која земја е но цитира негов наводен став базиран на анализа според која Бугарија е невина за ветото во ЕУ а вината треба да се бара исклучиво кај Србија која се обидува да ја задржи Македонија во сферата на својот интерес.

Притоа Србија која според неименуваниот наводен амбасадор на наводна неименуваната важна западна земја ја блокира Македонија, се споредува со Русија која сакала да го задржи земјите од Поранешниот советски сојуз во својата зона на влијание.

Со наводната објава на наводниот сериозен висок дипломатски извор Јовановски во незгодно става повеќе амбасадори и заменици шефови на мисии на водечките западни земји во Скопје.

Ако се анализира кој може да биде тој наводен амбасадор од наводна амбасада која ја имала наводната анализа за бугарската невиност тогаш во игра се неколку дипломати од амбасадите на САД, Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Шпанија и Холандија.

Тие засега молчат.

Досега претставници на овие амбасади ниту официјално ниту неофицијално не зборувале за тоа што го кажува Јовановски.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top