Македонија

Британскиот амбасадор во Скопје потврдил дека во Македонија нема да дојдат азиланти од Велика Британија

Не гледа причина за поднесување на најавената резолуција од страна на СДСМ на оваа тема затоа што нема такво сценарио

Британскиот амбасадор во Скопје потврдил дека во Македонија нема да дојдат азиланти од Велика Британија, открива во изјава за медиумите претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Запрашана за прашањето кое е актуелно деновиве претседателката откри дека кога Македонија и Велика Британија го потпишувале договорот за стратешко партнерство британскиот амбасадор во Скопје Метју Лосон изјавил за домашните медиуми дека во планот нема доаѓање на мигранти од Велика Британија во Македонија.

Сиљановска Давкова вели дека генерално е против таков план затоа што ако лицата кои ги протерува Лондон се опасни за британскиот безбедносен систем тие ќе бидат проблем и за Македонија и затоа не доаѓа предвид нивни прием во Македонија.

 

Таа не гледа причина за поднесување на најавената резолуција од страна на СДСМ на оваа тема затоа што нема такво сценарио и апелира јавноста да не верува во се што пишуваат дел од медиумите.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top