Македонија

Бркотница со чамци во Охридско езеро, фатени албански рибари длабоко во македонски води

Сториле две кривични дела и не успеале да избегаат

 

Пред два дена рано наутро во водите на Охридското езеро се случувала бркотница со чамци при што македонската полиција успеала да фати двајца албански државјани кои ловеле Охридска пастрмка.

На 04.07.2025 година во 01.25 часот, полициски службеници од полициската стани- ца за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро, ги приведоа албанските државјани Ј.Х.(22) и Б.И.(30), поради постоење основи на сомневање за сторено „Илегално преминување на државната граница“ и кривично дело „Незаконит риболов“.

Тие, со пловен објект биле затекнати на околу 6,5 километри од границата во македонските територијални води по што се обиделе да избегаат.

По известување на јавен обвинител и по преземени мерки, одземени им се пловниот објект, рибарски мрежи во должина од 400 метри, три парчиња риба Охридска пастрмка како и повеќе парчиња риболовен алат и прибор.

Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

To top