Македонија

Бугарски Несебар ќе го одржува чист стариот град со електрична машина од гм на БРАКО

Целосно електричната машина GM400ze

Општина Несебар, еден од најпознатите туристички центри во Бугарија, избра да ја одржува чистотата во старото градско јадро со целосно електричната машина GM400ze од брендот Green Machines.

Оваа компактна машина, произведена од компанијата БРАКО, работи без никакви штетни емисии и е идеално решение за чувствителни урбани средини. Благодарение на иновативниот REX систем за рециклирање на воздухот, GM400ze овозможува чистење без подигање прашина, што е особено важно во историски подрачја како што е стариот Несебар, кој се наоѓа под заштита на УНЕСКО.

Операторите веќе поминаа техничка обука спроведена од овластени претставници на Green Machines во Бугарија и се целосно подготвени за користење на машината. Со својата тивка и прецизна работа, GM400ze е совршено решение за тесни улички, пешачки зони и зони со висока туристичка фрекфенција.

Оваа испорака следи по набавката на моделот GM636 во бугарскиот град Поморие, што уште еднаш ја потврдува присутноста на Green Machines на овој пазар.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top