Македонија

Чесите утринава ќе се вклучат во гаснење на опасниот пожар на планината Готен – најавена е помош и од Словенија

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка од денес утринава ќе се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Готен. Ова го најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Леталото со седумчлениот екипаж слета на аеродромот во Скопје вчера попладнето. „Испраќаме уште еден хеликоптер за помош. Овој пат дестинацијата на нашата екипа е Македонија. […]

Хеликоптерот „Блек Хок“ од Чешка од денес утринава ќе се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Готен. Ова го најави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Леталото со седумчлениот екипаж слета на аеродромот во Скопје вчера попладнето.

„Испраќаме уште еден хеликоптер за помош. Овој пат дестинацијата на нашата екипа е Македонија. Слично како во Грција и Бугарија, каде што нашите пожарникари се веќе распоредени, и ние ќе се бориме со шумски пожари тука како дел од мисијата.  Одредот се состои од 4 члена на екипажот на хеликоптерот и 3 пожарникари. @eu_echo – објавија Чесите вчера пред доаѓањето во Република Македонија.

Чешкиот хеликоптерот има големо ведро од 3,4 тони вода. Најавено е дека во гаснењето на пожарот ќе бидат вклучени и 62 пожарникари од Словенија со 18 специјални противпожарни возила, чие доаѓање беше, исто така најавено во Берово. Стојанче Ангелов изјави вчера попладнето дека пожарот на планината Готен е најопасен. „,Најголем предизвик моментно претставува пожарот на планината Готен, кој има два крака – едниот се движи кон радовишката страна, а вториот кон беровската страна. Во однос на кракот на пожарот кон радовишката страна тој ги загрозуваше селата Подареш, Јарболица, Злеово и други населби на западната падина на планината. Огнената стихија беше ставена под целосна контрола, благодарение на силите на терен и месното население, кое масовно се вклучи. Сепак, има појава на ново разгорување кај едно од селата.“ – изјави Ангелов на вчера.

На теренот од радовишка страна дејствува и еден хеликоптер на МВР. Тој полни вода од браната кај село Злеово. Дополнително, на терен се ангажирани и шест пинцгауери на ДЗС од радовишка страна, како и четири БТР и четири хермелини, стратегиски поставени над селата и околу нив, за да се создаде водена пречка. Во гаснењето од радовишка страна учествуваа и 60 припадници на Армијата на Македонија и 30 припадници на полицијата. Од беровската страна беа распоредени 40 припадници на Армијата на Македонија, 25 припадници на специјалните единици, и 18 припадници на ДЗС. Тие даваат поддршка на локалните пожарникари од Берово.

Информативна агенција „Нетпрес“

 

 

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДСМ се на нивна штета

Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните

Мицкоски: Пријавете, ако ви побараат мито!

На прашањето дали има корупција во вашата институција или во државата, 80 проценти велат „да, има“. На второто прашање дали вие сте биле предмет на корупција или познавате некој на општинско ниво, под 5 проценти од испитаниците, а на централно ниво под 3 проценти

To top