Македонија

Четириесет македонски деца минале пекол на 40 степени заради полски инспектори

Додека возачите барале решение децата доживувале пекол без храна, вода и информации

Четириесет македонски деца членови на фолклорен ансамбл минале пекол на 40 степени заради полски инспектори кои немале милост за децата од Македонија.

Инцидентот се случил пред 4 дена во Полска во близина на градот Вроцлав каде што младите играорци патувале на фолклорен фестивал.

На 30 јуни 2025 година, автобус со над 40 македонски деца, учесници на фолклорна турнеја во Вроцлав, Полска, бил запрен од полската транспортна инспекција околу 11 часот претпладне.

Наместо рутинска контрола по која децата требало да продолжат, следувала шестчасовна агонија, која завршила со казна од 3.500 евра и траума за децата, велат родители на децата.

Според изјавите на возачите и родителите, полските инспектори барале знак дека во автобусот има деца, односно автобусот да биде означен дека вози млади луѓе.

Возачите кои не возат прва пат деца во Полска не можеле да го продолжат патот пред да набават знаци за автобусот по што морале да се упатат да ги купат од друг град.

Тие побарале број од такси или асистенција — но полските инспектори грубо им рекле да се снајдат сами.

Возачите биле принудени да стопираат возила и така да стигнат до градот каде што купиле значи дека во автобусот има деца.

Во тој период, децата биле оставени сами, некои останале во автобусот на летна горештина, други надвор на ветер или во студен ходник, каде седеле на подот без храна, вода или информации.

Инспекторите не покажале ни најмала грижа или емпатија, тврдат родители на децата.

Кога шоферите се вратиле со потребниот знак, наместо ситуацијата да биде разрешена, следувале нови барања за документи и произволна парична казна која морала да биде платена, тврди Т. В. еден од родителите на децата.

За ситуацијата да биде надмината помогнал македонскиот амбасадор во Варшава Јасмин Ќахил кој веднаш се упатил кон местото на инцидентот и успеал да ги убеди полските инспектори да им дозволат на децата да продолжат кој целта.

Децата се веќе вратени дома во Македонија но дел од нив се уште имаат траума од шест часовната агонија во која се соочиле со огромен стрес и страв.

 

Најчитани статии

 

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на Собранието на Македонија Гаши на средба со премиерот на Косово Курти: разгледани „стратегиските проекти, кои ги поврзуваат двете земји“

Средбата, означена како пријателска, беше оценета како позитивен чекор кон продлабочување на односите меѓу Косово и Македонија, со насоченост на конкретни проекти и регионалната координација.

Министерството за дигитална трансформација наскоро ќе ја исфрли хартијата од работењето

Ова е еден од трите најважни системи во министерството за дигитална трансформација и генерално во државата поради поефикасната администрација, транспарентност како и помалку бирократија. Корупцијата пак ќе биле сведена на минимум.

(Фото): Се влошува состојбата во ловиштето „Јасен“

Првиот човек на институцијата, Стојанче Ангелов вели дека на терен се припадници на противпожарна бригада, вработени во Дирекцијата за заштита и спасување, но и на Национални шуми кои се обидуваат да го стават под контрола.

Владата на Македонија воспоставува Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините и за користењето пари од меѓународни фондови

Ресурсниот центар за поддршка на општините ќе биде осмислен како институционален механизам, што ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во Република Македонија преку обезбедување специјализирани услуги во административниот менаџмент, планирањето на локалниот/регионалниот развој и за подготовка на техничка документација

To top