Македонија

Чита ли обвинителот Бубевски што му пишуваат граѓаните на демантот за Кадриу

Некои од коментарите не се за малолетници или за луѓе со слаби нерви

Обвинителот Гаврил Бубевски објави реакција демант на тврдењата на екс колешката од СЈО Лејла Кадриу во ,,Шоуто на Богдан Илиевски”, побара извинување за изречените информации и најави дека ќе тужи.

Во реакцијата Бубевски меѓу другото вели дека немал 4 туку само еден телефон и дека имало записник за прием на материјалите кои СДСМ ги предала на СЈО.

„Наводите кои се однесуваат на моето постапување и на работата на поранешното СЈО се невистинити и креирани со цел да наштетат на мојот личен и професионалениот углед, за што веднаш по емисијата иницирав постапка со која од неа побарав извинување за јавно изнесените лаги. Доколку не добијам извинување во законски предвидениот рок, ќе поднесам граѓанска тужба за клевета и во суд ќе се докаже дека се што беше кажано во наведената емисија е апсолутна невистина.

Иако сметав дека изнесените клевети не заслужуваат да им се дава јавно внимание, сфаќам дека нашето општество веројатно не е доволно отпорно на лаги.

Вистината е дека јас никогаш во мојот живот не сум имал 4 мобилни телефони. Додека бев јавен обвинител во СЈО имав еден телефонски број кој го користев за цело време додека бев во тоа обвинителство. По враќањето во ОЈО Скопје исто така користам само еден телефон. Мојот единствен, во моментов приватен телефонски број го знаат сите новинари и многу граѓани, бидејќи вистински верувам во начелото на транспарентност и на тој телефон секогаш сум бил и останувам отворен и достапен за сите прашања, вели јавниот обвинител Гаврил Бубевски.

Кој е во право за овие тврдења ќе одлучува судот но интересно е што му пишуваат граѓаните на Бубевски за демантот за Кадриу.

Коментарите се катастрофални дури и за обвинител како Бубевски кој како дел од правосудството има само 2 проценти рејтинг:

Абе зарем мислевте дека така ќе ви помине криминалот во СЈО. Таков злочин и криминал направивте да заслужувате затвор да лежите а не јавни обвинители да бидете. Срамота за државата што има вакви обвинители и судии. Европа гледа се зарем мислите дека они незнаат па од што ве мразат даваат оценка за обвинителството дури и помала од 2 посто. Вие сте срам и за Државата и за Судството.

Што е битно дали се три, два или четири. Важно е дека сте манипулирале со докази и сте фабрикувале политички прогон врз неистомислениците.

На потег е Обвинителството, и двајцата да се седнат на жешкото столче т.с на детектор за вистината. Кој лаже од нив двајцата право во шутка во притвор.

Кога дојдовте до оваа дереџе поарно да не живеете. Недораснати за функциите. Кога делевте по 10000 евра како не ви беше страна. Аир да не видете.

Во оваа држава кривите лажговци се во право, а оние кои ја изнесуват правдината СЕ лажговци и ќе одговараат. Сите видовме што се случуваше во тоа време. Мислевте народот е глуп па дрпајте колку можете и пикајте невини луѓе во затвор, ама видовте ли колку бргу ве стигна КАРМАТА уште гревови ќе испаштате за тие од 27 април.

Замислете од се што кажа и за што го обвини Кадриу него најмногу го погодило тоа за телефоните…..

Истрагата ќе покажи што е точно, кај се засили Бубевски толку!!! Јавна тајна е како работеше СЈО и под чиј диктат. Народот не е малоумен, прочитани сте одамна а сега дојде време за зандана!!!?

Да ги вратите милионите евра на државата и да се извините на народот после да ви се суди како што судете вие од СЈО.

Бубе! Ќе те растури ако и поднесиш тужба. Таа е жив сведок.

А зошто не ти веруваме? Запрашај се народот све гледаше за вас СЈО земавте пари за што? Све треба да ти конфискуват голи да останете арамии.

Сите коментари (некои не се за објавување) на овој линк

https://www.facebook.com/share/1Dc34DxmNr/

На што реагираше Бубевски

Кадриу и гласниот молк од Заев, Шеќеринска, Спасовски, Ленче, Фатиме, Гаврил, Лиле…

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

To top