Македонија

Дали навистина девојките во Македонија преферираат ,,Лоши момчиња”

Контроверзен став на младиот адвокат и граѓански активист

Според Фејсбук статусот на Умејр Муамеди загрижувачки е што „bad boys“ со криминално досие стануваат најпосакувани кај девојките.

Младиот адвокат и политички аналитичар Умејр Муамеди се огласи по повод тековните случувања.

Тој наметнува сосема друга теза од актуелната во која жените се жртви на агресивните мажи, а тоа е: Какви мажи сакаат девојките.

Во продолжение го пренесуваме неговиот контроверзен Фејсбук статус кој со некои исклучоци нема потврда во реалноста:

Загрижувачки е исто така фактот што кај девојките премногу е нормализирано сакањето на т.н “bad boys” кои во наши околности се карактеризираат како машки лица кои не почитуваат правила и кои прават работи спротивно на законите.

Ако искачате негде навечер на некоја забава главна тема на дискусија кај многу девојки се машки лица со криминално досие. Таквите го имаат вниманието и таквите стануваат најсакани кај девојките.

Загрижувачки е бидејки многу девојки поради ваквите ликови имат изгубено некој нормален лик што искрено ги сакал и ги почитувал.

Најнови вести од: Македонија

Почна извлекувањето на македонските граѓани од Блискиот Исток

Според последните податоци Амбасадата во Доха ја контактирале 150 македонски државјани, од кои 95 изразиле подготвеност за евакуација. Амбасадата во Абу Даби ја контактирале вкупно 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и 5 од Кралството Саудиска Арабија, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

To top