Македонија

Дали повеќекратен екс министер е најголемиот губитник на локалните избори

Практичен случај на принципот кај народот познат како ,,Месо гледам, компир вадам”

Дали повеќекратниот екс министер за здравство Арбен Таравари е најголемиот губитник на локалните избори?

Таравари кој беше министер и во владата на Зоран Заев и во владата на Христијан Мицкоски на локалните избори се уште не освои ниту едно градоначалничко место со тоа лидерот на едно од трите крила во Алијансата на Албанците се квалификува за еден од најголемите ,,лузери” или губитници на овие избори.

Таравари беше дел од владата на Мицкоски како дел од ВЛЕН по што од ДУИ доби понуда да оди со нив но по трансферот не успеа да добие ниту една општина.

Таравари имаше свој кандидати во Сарај и Теарце каде загуби од ВЛЕН а во Врапчиште и Гостивар неговите кандидати водат но поради немање на цензус изборите не успеаја.

Од коалицијата ВЛЕН денеска реагираат за неуспехот на локалните избори во општините Гостивар и Врапчиште, каде што не е исполнет цензусот, посочувајќи дека тоа е јасен одговор на политичките акробации што со месеци се прават во име на Албанците, но за лични интереси.

„Нереализирањето на цензусот во општините Гостивар и Врапчиште е најјасниот одговор на политичките акробации што со месеци се правеа во име на Албанците, но за лични интереси“,се вели во соопштението од ВЛЕН. Според коалицијата, ова е порака, пред сè, до нивниот поранешен коалициски партнер Арбен Таравари, кој, како што велат, „погрешно проценил дека гласачите ќе ги следат во менување на принципите како ситни пари“.

Од ВЛЕН сега се ситат со пораката дека „Таравари отиде за шест општини, остана со четири и заврши со нула“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top