Македонија Бизнис

Дали само продуктивноста на работниците е пресудна за подобар резултат и повисоки плати?!

Сојузот на синдикатите на Македонија го задржува својот став дека не само минималната, туку и сите плати во Македонија треба да се зголемат. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска изјави дека државата е меѓу земјите во регионот со најниски примања, вклучувајќи ја и просечната и минималната плата, а од другата страна, Владата или работодавачите, немаат […]

Сојузот на синдикатите на Македонија го задржува својот став дека не само минималната, туку и сите плати во Македонија треба да се зголемат. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска изјави дека државата е меѓу земјите во регионот со најниски примања, вклучувајќи ја и просечната и минималната плата, а од другата страна, Владата или работодавачите, немаат разбирање за сериозен напредок.

  • “Работниците во Македонија се најниско платени на Балканот, а да не зборуваме за Европа. За жал, ние сме една од државите во регионот која има најниска и просечна и минимална плата. Не гледаме слух од спротивната страна, од Владата или работодавачите да направат некаков сериозен исчекор, иако слушнавме дека во Србија од 1 октомври минималната плата ќе биде 500 евра, онолку колку што бара ССМ во Македонија, а од 1 јануари ќе изнесува 550 евра. Веќе и со повисока плата од онаа што ја бараме работниците, за жал, заминуват од земјава, но не само заради платите, туку и незадоволни од условите во кои живееме,” истакна Трендафилов.

Тој посочи дека продуктивноста треба да се насочи само преку еден аспект – зголемување на платите. “Нашите работници во Црна Гора, Словенија, Германија, Србија, Хрватска, Аврстија се продуктивни зашто таму платите се три до четири пати повисоки од нашите,” рече Трендафилов, додавајќи дека ако работодавачите планираат да не ги плаќаат работниците како што го прават тоа денес, не можат да очекуваат раст на продуктивноста.

Од Владата велат ќе испочитуваат се што ќе договорат работодавачите и синдикатите.

  • „Врз база на тој социјален дијалог е донесен и тој закон кој денес се почитува за минимална плата и ние максимално и коректно го почитуваме тој закон. За други законски измени кои би следувале понатаму сепак треба да има одреден социјален дијалог“, кажа Марјан Ристески, заменик министерот за економија и труд.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Мелбурн ѝ се извини на македонската заедница за забраната на сонцето од Кутлеш

Градските власти на Мелбурн ја признаа грешката по независна анализа на одлуката со која македонските учесници беа спречени да го носат знамето на фестивалот Мумба. Во март годинава градот Мелбурн им наложил на македонските учесници на овој фестивал да го користат само државното знаме на Македонија.

Студентите се враќаат во „Кузман Јосифовски – Питу“, домот се отвора за еден месец

Владата и студентските претставници разговараат за промена на досегашниот начин на субвенционирање. Предложениот модел предвидува зголемување на месечната поддршка од досегашните 3.500 на 4.500 денари, воведување посебна дигитална услуга преку платформата „М-услуги“, како и дополнителни попусти при купување храна во вклучените угостителски и трговски објекти.

Македонија планира инвестиции од пет до шест милијарди евра во патишта и во железници

На форумот се разговараше и за примената на вештачката интелигенција и современите технологии. Николоски посочи дека со измените на Законот за јавните набавки се предвидува воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за автоматизирано следење на постапките и откривање неправилности и ризици.

(Фото): Николоски во Виена повика на регионална соработка и поврзување

Зборувајќи на панел дискусијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” вицепремиерот Николоски потенцира дека е потребен заеднички пристап на земјите од регионот за претставување на глобалниот пазар.

To top