Македонија

Давале македонска помош на луѓе во странство – Агенција се претворила во криминална агенција

Лицата кои биле во странство користеле и гарантирана минимална помош     Седум вработени во државна агенција давале македонска помош на луѓе во странство со што локална Агенција за вработување се претвори во криминална агенција.   СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.К.(62), Ж.Д.(56), Е.Д.(42), Ж.К.(67), З.Ј.(56), Ј.Т.(45) и Р.А.(55), сите од Струмица, поради постоење […]

Лицата кои биле во странство користеле и гарантирана минимална помош

 

 

Седум вработени во државна агенција давале македонска помош на луѓе во странство со што локална Агенција за вработување се претвори во криминална агенција.

 

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.К.(62), Ж.Д.(56), Е.Д.(42), Ж.К.(67), З.Ј.(56), Ј.Т.(45) и Р.А.(55), сите од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

 

Во периодот од 2021 до 2025 година, пријавените-вработени во Агенција за вработување на – Центар за вработување Струмица, во системот на АВРМ пријавиле лица државјани на РМ како активни баратели на работа, кои биле надвор од државата, и на тој начин постапиле спротивно од Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност по член 59 – а.

 

Лицата кои биле во странство користеле и гарантирана минимална помош, а која требало да биде укината и со тоа на државата и нанеле штета во вкупен износ од 333.968 денари.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top