Македонија

Денес почнува изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница – Тетово“

Министерот за здравство на Република Македонија Азир Алиу денеска ќе го означи почетокот на изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница – Тетово“ во знак на трајно сеќавање и почит кон загинатите во овој трагичен настан, соопштија од Министерството за здравство на Република Македонија. На настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот за […]

Министерот за здравство на Република Македонија Азир Алиу денеска ќе го означи почетокот на изградбата на „Меморијален парк за жртвите од пожарот во модуларната болница – Тетово“ во знак на трајно сеќавање и почит кон загинатите во овој трагичен настан, соопштија од Министерството за здравство на Република Македонија.

На настанот ќе присуствуваат и вицепремиерот за политики и добро владеење Арбен Фетаи и градоначалникот на Тетово Билал Касами.

Пожарот во модуларната болница во Тетово се случи на 8 септември 2021 година и во него животот го загубија 14 лица, а десетина беа повредени.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top