Македонија

Денеска е Преображение Господово

Празникот во народот е познат и како ден кога природата „се преобразува“

Православните верници на овој ден се прославува преображението на Исус Хрисот на планината Тавор, кога Господ се појавил во сета Негова слава пред апостолитеПетар, Јаков и Јован.

Во три од четирите Евангелија се говори за овој настан: Според преданието, за да не ослабе верата на апостолите со неговото страдање и смрт кои претстоеле, и за неговите ученици да не отпаднат од него, Господ Исус Христос сакал да им покаже барем дел од својата божествена слава. Затоа ги зел со себе Петар, Јаков и Јован и излегол со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобразил пред нив.

„И заблескало лицето негово како сонце, а облеката му побелела како снег, а покрај него се појавиле пророциte Мојсеј и Илија. … Потоа, сјаен облак ги опфатил Господ и учениците и дошол глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаале овој глас учениците паднале земјата како мртви и останале така додека Господ не им пришол и им рекол: „Станете и не бојте се“ (Матеј 17).

Преображение Господово е еден од значајните празници во православната традиција, но има посебно место и во македонската народна култура, каде со него се поврзани бројни обичаи и верувања.

Празникот во народот е познат и како ден кога природата „се преобразува“. Се верува дека по Преображение времето постепено заладува, листовите почнуваат да венат, а водата во реките станува постудена.

Еден од најпознатите обичаи е првото јадење грозје во годината. Традиционално, грозјето и другото овошје се носат во црква, каде што свештеникот ги благословува, по што може да се јадат и да се раздаваат на блиските.

Овој обичај е забележан и во повеќе краеви на Македонија.

Преображение така ги поврзува христијанската традиција и старите народни обичаи, а празникот останува важен дел од духовното и културното наследство на македонскиот народ.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западен Балкан, амбасадорот Андраш Клеин. На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, кои во 2025 година беа издигнати на ниво на стратешка […]

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top